„Бучим“ со нова фабрика за Денот на рударите

Bez autora
Aug 27 2011

Над 8.000 македонски рудари утре го слават својот ден. Ќе имаат и повод повеќе за славење. На централната прослава во рудникот за бакар „Бучим“ министерот за економија, Ваљон Сарачини ќе ја пуши во работа новата фабрика за производство на катоден бакар. И годинава најдобрите рудари ќе добијат плакети, како признание за својот придонес и за тоа што македонското рударство да ги живее своите најдобри денови во годините на транзицијата. Во новата фабрика на „Бучим“ рудникот инвестираше 11 милиони евра, а во неа ќе има работа за шеесетмина вработени. Со ова „Бучим“ го заокружува бројот на вработените на 660 лица. На овој проект работевме една година. Со процес на лужење ќе го добиеме производството на катоден бакар од 2.500 тони. Со оваа количина дополнета со сулфидниот бакар кој сега го имаме како наш производ, годишното производство на овој метал го заокружуваме на 10.500 тони.

„Бучим“ со нова фабрика за Денот на рударитеНад 8.000 македонски рудари утре го слават својот ден. Ќе имаат и повод повеќе за славење.

На централната прослава во рудникот за бакар „Бучим“ министерот за економија, Ваљон Сарачини ќе ја пуши во работа новата фабрика за производство на катоден бакар. И годинава најдобрите рудари ќе добијат плакети, како признание за својот придонес и за тоа што македонското рударство да ги живее своите најдобри денови во годините на транзицијата.

Во новата фабрика на „Бучим“ рудникот инвестираше 11 милиони евра, а во неа ќе има работа за шеесетмина вработени. Со ова „Бучим“ го заокружува бројот на вработените на 660 лица.

„На овој проект работевме една година. Со процес на лужење ќе го добиеме производството на катоден бакар од 2.500 тони. Со оваа количина дополнета со сулфидниот бакар кој сега го имаме како наш производ, годишното производство на овој метал го заокружуваме на 10.500 тони“, вели Николајчо Николов, заменик генерален директор во рудникот.

Од 2005 година од кога руската компанија „Солвеј“ го купи овој рудник, секоја година во нова технологија и во капитални ремонти се инвестираат по 4 до 5 милиони евра.

Годинава оваа компанија ги започна геолошките истражувања кај Пехчево, каде, ако резултатите се покажат поволни, во наредните три години ќе никне нов рудник во кој ќе бидат инвестирани 100 милиони евра и ќе има работа за 200 рудари.

„Солвеј“, кој во Македонија покрај „Бучим“ го поседува и рудникот за олово и цинк „Саса“, инвестира и во геолошки истражувања кај месноста Боров дол, во атарот на општините Штип и Конче, па ако и таму бидат поволни условите за економска експлоатација, ќе никне уште еден рудник во кој ќе бидат вложени 70 милиони евра, а ќе се отворат уште 70 нови работни места.

Рударска веселба ќе има и во Македонска Каменица. Во овој град свечено ќе биде предаден во употреба новиот градски плоштад изграден со финансиска помош од рудникот „Саса“. Присутните ќе ги забавува Здравко Чолиќ чие доаѓање, исто така го финансира рудникот.

„Откако пред пет години рускиот инвеститор го купи нашиот рудник, над Македонска Каменица, која беше потоната во сивило и апатија се роди сонце на новата зора. Општината буквално живее од концесискиот надомест кој го плаќа рудникот и од која ставка се слеваат од 21 до 23 милиони денари во буџетот. Покрај ова, ’Саса‘ финансиски ги поддржува и сите активности од значење за жителите на рударскиот град. Даде најмногу пари за изградба на црквата, за реконструкцијата на градскиот базен и за изградба на плоштадот“, вели Дарко Митевски, градоначалник на Македонска Каменица.

А, рударите на „Саса“ и овој свој празник го пречекуваат со извонредни работни резултати. Годинава акцентот е даден и на отворање на новите рудни ревири во рамките на новото концесиско поле од 0,8 квадратни километри. „Во меѓувреме до Министерството за економија поднесовме барање за нов, исто толкав простор за нови геолошки истражувања. Во овие процеси вложуваме 16 милиони евра, а тоа ќе ни овозможи животниот век на рудникот да го продолжиме до 2028 година“, вели Максим Прохоров, директор за инвестиции и развој.

Но, не се сите рудари задоволни од начинот на кој се третирани во рударското семејство. Крсте Блажев, професор на Технолошко – техничкиот факултет при штипскиот универзитет и генерален менаџер на рудникот „Неметали“ во Чешиново се жали на нееднаквиот третман на рудниците во Македонија кога е во прашање одбележувањето на Денот на рударите.

„Триесет години се прават прослави само во рудниците за олово и цинк, иако и неметалните суровини, како дел од рударската историја на државата си имаат значајно место во нашата економија. Никогаш досега овој наш празник, на државно ниво не се одбележувал во ’Силекс‘, ’Стрмош‘, ’Неметали‘ или некој друг ваков рудник. Годинава има смисла што централна прослава се прави во ’Бучим‘, бидејќи се пушта во работа нова фабрика, но од идната година ќе бараме нештата да се променат и во рударското семејство сите да добиеме еднаков третман“, вели Блажев.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik